EUVIMEDEUVIMED entdecken
Crossref

ЛИТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Владимир Караџоски

Balcanoslavica · 31.12.2024 · 53 (1-2) · 157

DOI: 10.58301/bm24531-2157k ↗

Kurz gefasst

Fachartikel in der Zeitschrift Balcanoslavica, online erschienen am 31.12.2024. Verfasst von Владимир Караџоски. Die Arbeit nennt 20 Literaturangaben.

AbstractBibliografische AngabenZitierenVerwandte Studien

Abstract (Originalsprache)

Литијата во контекст на христијанството и христијанската црква веќе се споменува во минатото. Правењето на литија во Македонија е присутно многу одамна. Литиите кои се прават во Македонија, како и во останатите православни цркви, според својата појава се карактеризираат како: умилителни, покајни, благодарствени и др. Литијата може да има и свечен карактер и да се извршува во чест на некој свечен настан од животот на црквата. Таквите литии се извршуваат еднаш годишно, во чест на некој светител или во чест на некоја чудотворна икона на некој светец или на Божјата мајка. За сите овие видови, е заедничко излегувањето од храмот, а целта им е молитвата да ја изразат не само со зборови туку и со движење. Од православно-христијански, црковен аспект, главната цел на литијата е засилување на молитвеното внимание на верниот народ со промена на местото на молитва, како и покажување на нашата недостојност да се молиме во храмот. Исто така, при изведувањето на литургијата за време на литијата, црквата излегува од својата примарна средина во надворешниот свет заради остварување на својата молитвена мисија во светот. Сето тоа се прави со една целина, населениот град и целата земја да станат соучесници на божјата благодат, да отфрлат од себе сè што е штетно и погубно; се молиме да биде милостив кон нас, кој се воплоти за нас и зеде облик на слуга кој е претставен со божествени икони и ликови на неговите светии. Во минатото, кога населението било главно земјоделско, литиите биле чест настан во селскиот живот, кога се излегувало „покрсти“ во полето и низ атарот на конкретното село, заради благослов и заштита. Денес, пак, обично се извршуваат редовни локални литии од различен обем и свеченост по повод храмовите и други празници, како дел од празнувањето при што се носат празничните икони, или свети мошти кои се чуваат во тие места.

Zitieren

APA

Караџоски, В. (2024). ЛИТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА. Balcanoslavica, 53(1-2), 157. https://doi.org/10.58301/bm24531-2157k

Vancouver

Караџоски В. ЛИТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА. Balcanoslavica. 2024;53(1-2):157. doi:10.58301/bm24531-2157k

BibTeX
@article{2024,
  author = {Караџоски, Владимир},
  title = {ЛИТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА},
  journal = {Balcanoslavica},
  year = {2024},
  volume = {53},
  number = {1-2},
  pages = {157},
  doi = {10.58301/bm24531-2157k}
}
Kostenlos starten →