EUVIMEDEUVIMED entdecken
Crossref

Историски, етнолошки и фолклористички перспективи во истражувањата на Ромите во Европа и во Македонија

Даниел Петровски

Македонски фолклор · 12.05.2026 · 57 (89) · 145

DOI: 10.55302/mf265789145p ↗

Kurz gefasst

Fachartikel in der Zeitschrift Македонски фолклор, online erschienen am 12.05.2026. Verfasst von Даниел Петровски. Die Arbeit nennt 43 Literaturangaben.

AbstractBibliografische AngabenZitierenVerwandte Studien

Abstract (Originalsprache)

Истражувањето на Ромите и нивниот идентитет претставува сложен процес, условен од историските, политичките и културните контексти, во кои се пишувале научните трудови. Историски, Ромите биле согледувани како „чуден народ“, што резултирало со стереотипизација и маргинализација, а терминологијата, особено зборот „Циган/и“, носела негативни конотации и влијаела врз општествените и научните перцепции. Од административните белешки во периодот од XV до XIX век, до првите лингвистички истражувања во Европа, Ромите често биле третирани како предмет на контрола, а не како автономна културна заедница. Лингвистичките студии од XVIII век, особено трудовите на Јохан Кристоф Рудигер и на Хајнрих Грелман, покажале индиско потекло на Ромите, но ја занемариле комплексната културна и социјална реалност. Во јужнословенскиот простор, етнолозите и фолклористите, во почетокот на XX век, собирале материјали за ромската култура „однадвор“, со ограничена анализа на внатрешната перспектива на заедницата. Истражувачите, како што се: Тихомир Ѓорѓевиќ, Раде Ухлик и други, ја документирале музиката, јазикот и обичаите на Ромите, но често низ етноцентрични или дескриптивни парадигми на „другоста“. Современата ромологија, со интердисциплинарни пристапи и со појавата на ромски истражувачи, како што се: Рајко Ѓуриќ и Трајко Петровски, ги интегрира надворешната и внатрешната перспектива, признавајќи го ромскиот идентитет како динамичен, комплексен и со културна вредност. Трудот дава систематски преглед на историските и на современите пристапи кон проучувањето на Ромите и на нивниот идентитет, со акцент на етнолошкиот и на фолклористичкиот контекст. Преку анализа на европските и на југословенските истражувачи, како и на современите ромолози, се покажува како научната методологија влијаела врз конструирањето на сликата за Ромите, од стереотипизирани претстави кон критички, еманципаторски и интегративни перспективи.

Zitieren

APA

Петровски, Д. (2026). Историски, етнолошки и фолклористички перспективи во истражувањата на Ромите во Европа и во Македонија. Македонски фолклор, 57(89), 145. https://doi.org/10.55302/mf265789145p

Vancouver

Петровски Д. Историски, етнолошки и фолклористички перспективи во истражувањата на Ромите во Европа и во Македонија. Македонски фолклор. 2026;57(89):145. doi:10.55302/mf265789145p

BibTeX
@article{2026,
  author = {Петровски, Даниел},
  title = {Историски, етнолошки и фолклористички перспективи во истражувањата на Ромите во Европа и во Македонија},
  journal = {Македонски фолклор},
  year = {2026},
  volume = {57},
  number = {89},
  pages = {145},
  doi = {10.55302/mf265789145p}
}
Kostenlos starten →