ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК
Природни ресурси и технологии · 2021
DOI: 10.46763/nrt211510107n ↗Kurz gefasst
Fachartikel in der Zeitschrift Природни ресурси и технологии, 2021. Verfasst von Petar Namichev.
Abstract (Originalsprache)
Надворешниот изглед на куќата во Штип и во Ново село се одликува со изразена динамична композиција и складен распоред и сооднос на елементите кои ја оформуваат. Поливалентниот однос на надворешниот изглед на куќата произлегува од примената на симетријата, висината, просторниот концепт, локацијата, распоредот на прозорците, вратите, нивниот ритам и застапеност, примената на декоративните детали, стреите, еркерите, чардакот, балконот и сл. Притоа се водело сметка за односот и контрастот на светлите и темните површини, присутноста на светлото, колоритната застапеност, естетското ниво на обработка на деталите, и сл. Неимарите при градбата на куќата применувале систем и методологија на градењето, каде биле соединети факторите на клима, терен и потреби на семејството но и на поединецот. Реализацијата на естетската композиција на градбите содржела креативни форми, со изразена различност и прилагодливост кон локалното, најчесто во згусната просторност на христијанските маала, каде се почитувал односот кон соседот и структурата на населбата и градот. Куќата од Ново село и Штип со своите архитектонски вредности и автохтони карактеристики на градбата, претставува значаен дел од станбениот фонд на градовите од 19-от век во Македонија, како и дел од општото станбено наследство на Балканот.
Zitieren
APA
Namichev, P. (2021). ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК. Природни ресурси и технологии. https://doi.org/10.46763/nrt211510107n
Vancouver
Namichev P. ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК. Природни ресурси и технологии. 2021. doi:10.46763/nrt211510107n
BibTeX
@article{Namichev2021,
author = {Namichev, Petar},
title = {ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК},
journal = {Природни ресурси и технологии},
year = {2021},
doi = {10.46763/nrt211510107n}
}
EUVIMED