EUVIMEDEUVIMED entdecken
Open Access · CC BY-NC 4.0

Информираност на популацијата за глобалниот проблем со климатските промени

Aleksandra Stambolieva, Mihail Kocubovski, Gordana Ristovska, Aneta Kostova

Archives of Public Health · 2019

DOI: 10.3889/aph.2019.2845 ↗

Kurz gefasst

Fachartikel in der Zeitschrift Archives of Public Health, 2019. Verfasst von Aleksandra Stambolieva und 3 weiteren Autor:innen. Der Volltext ist frei zugänglich (Open Access, CC BY-NC 4.0).

AbstractBibliografische AngabenZitierenVerwandte Studien

Abstract (Originalsprache)

Здравствената стратегија на ЕУ „Заедно за здравје“ ги призна климатските промени како закана за здравјето и ја нагласи улогата на Европската заедница да ги координира и брзо да одговори на заканите по здравјето на глобално ниво и да ги зајакне капацитетите на земјите (Европска комисија, 2008). Целта на трудот беше да се утврди степенот на свесност и информираност на популацијата околу глобалниот проблем со климатските промени и одговорноста на надлежните тела околу мерките за справување со климатските промени. Материјал и методи: Беше спроведено пилот истражување во текот на декември 2018 година во Република Македонија, со применана прашалник кој беше адаптирана верзија од survey questionnaire (‘climate change’, version 1) преведен на македонски јазик и дистрибуиран на интерактивна онлајн платформа. На прашалникот добивме одговори од 130 испитаници. Резултати: Најголем процент (90,2%) од испитаниците одговорија дека аерозагадувањето е првото нешто што го поврзуваат со климатските промени, а потоа следуваат густината на сообраќајот (41,7%) и управувањето со отпадот (41,7%). Кога станува збор за одговорноста околу проблемот, според испитаниците националната влада (33,8%) има највисока одговорност, во однос на меѓународните организации (20%). Заклучок: Истражувањето покажа дека постои одреден степен на информираност кај населението за климатските промени и појавите поврзани со нив како што се: загадувањето на воздухот, густината на сообраќајот, поплавите, пожарите и слично, но исто така потребно е да се спроведат силни кампањи за подигање на јавната свест.

Zitieren

APA

Stambolieva, A., Kocubovski, M., Ristovska, G., & Kostova, A. (2019). Информираност на популацијата за глобалниот проблем со климатските промени. Archives of Public Health. https://doi.org/10.3889/aph.2019.2845

Vancouver

Stambolieva A, Kocubovski M, Ristovska G, Kostova A. Информираност на популацијата за глобалниот проблем со климатските промени. Archives of Public Health. 2019. doi:10.3889/aph.2019.2845

BibTeX
@article{Stambolieva2019,
  author = {Stambolieva, Aleksandra and Kocubovski, Mihail and Ristovska, Gordana and Kostova, Aneta},
  title = {Информираност на популацијата за глобалниот проблем со климатските промени},
  journal = {Archives of Public Health},
  year = {2019},
  doi = {10.3889/aph.2019.2845}
}
Kostenlos starten →