EUVIMEDEUVIMED entdecken
Crossref

Анализа на мајчинските и акушерските фактори за ризик за прематурна ретинопатија кај прематуруси чија тежина е над 1500г и гестациска возраст над 30 недели

Igor Isjanovski, Viktor Isjanovski

Archives of Public Health · 2018

DOI: 10.3889/aph.2018.2245 ↗

Kurz gefasst

Fachartikel in der Zeitschrift Archives of Public Health, 2018. Verfasst von Igor Isjanovski und 1 weiteren Autor:innen.

AbstractBibliografische AngabenZitierenVerwandte Studien

Abstract (Originalsprache)

Прематурната ретинопатија (РОП) е главна причина за слепило кај предвремено родените бебиња. Инциденцата на РОП се зголемува во земјите во развој и се должи на зголемување на преживување на предвремено родените деца. Прематурната ретинопaтија (РОП) е сериозна компликација кај предвремено родени деца која може да доведе до слепило, освен ако се дијагностицира и се третира рано. Цел на оваа студија е да се проучат мајчините и акушерските фактори на ризик за РОП. Материјал и методи: Истражувањето преставува аналитичка “Case control” студија во периодот 2015-2016г. Во студијата се вклучени 163 предвреме родени деца кои не ги исполнуваат критериумите на Американската академија за офталмологија (ААО), со родилна тежина се над 1500 г и гестациска старост над 30 недела. Мајките се поделени во две групи во однос на новородените со РОП и без. За оставрување на целите се користеше дводелен анкетен прашалник, првиот дел од прашалникот се однесува на прашања за мајката. Резултати: ИВФ (ин витро фертилизациа) ја зголемува веројатноста за РОП повеќе од два пати OR=2.1256 (1.1133-4.0585). Како независни фактори мултипната бременост ја зголемува веројатноста за РОП за два и пол пати. Прееклампсијата делува протективно, ја намалува веројатноста за настанување на РОП. Начинот на породување, возраста на мајката, број на бремености, број на раѓања, консумирање на алкохол, пушење, наркотици не претставувaат ризик фактори. Треба да се обрне големо внимание на дефинирањето на ризик факторите, нивната комплексност, развојот и прогресијата на прематурната ретинопатија и нејзината превенција кои се само еден дел од прашањата со кој се соочуваат офталмолозите и неонатолозитe во текот на својата работа. Во студијата се потврдија истите ризик факори кои се регистрираат на кај прематурусите според ААО (родилна тежина под 1500 г и под 30-та гестациска недела). Заклучок: протоколите за скрининг на РОП да се модифицираат, покрај инклузионите критериуми на ААО да се вклучат и прематуруси според препораката на неонатолозите за зголемен ризик за развој на прематурна ретинопатија, а се со родилна тежина над 1500 г и над 30-та гестациска недела.

Zitieren

APA

Isjanovski, I., & Isjanovski, V. (2018). Анализа на мајчинските и акушерските фактори за ризик за прематурна ретинопатија кај прематуруси чија тежина е над 1500г и гестациска возраст над 30 недели. Archives of Public Health. https://doi.org/10.3889/aph.2018.2245

Vancouver

Isjanovski I, Isjanovski V. Анализа на мајчинските и акушерските фактори за ризик за прематурна ретинопатија кај прематуруси чија тежина е над 1500г и гестациска возраст над 30 недели. Archives of Public Health. 2018. doi:10.3889/aph.2018.2245

BibTeX
@article{Isjanovski2018,
  author = {Isjanovski, Igor and Isjanovski, Viktor},
  title = {Анализа на мајчинските и акушерските фактори за ризик за прематурна ретинопатија кај прематуруси чија тежина е над 1500г и гестациска возраст над 30 недели},
  journal = {Archives of Public Health},
  year = {2018},
  doi = {10.3889/aph.2018.2245}
}
Kostenlos starten →